Од идеја до чаша: Како се создаде првото македонско пченично пиво СКОПСКО Weiss

Пивара Скопје го создаде првото македонско пченично пиво – СКОПСКО Weiss. Во разговор со Александар Бојаџиски, директор за производство на пиво и Марта Завкова, маркетинг менаџер за пиво во Пивара Скопје, откриваме како се создаваше ова пиво и што го прави толку посебно.

Новото пиво – спој на мајсторство, храброст и љубопитност

„СКОПСКО Weiss не е само ново пиво – тоа е едно сосем ново искуство. Со својата специфична текстура, овошни и зачински ноти и нефилтриран карактер, Weiss е спој на традицијата на СКОПСКО и иновативниот дух на модерното пиварство“, вели директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, Александар Бојаџиски.

Тој додава дека пивото се издвојува поради пченичниот слад, специфичниот квасец и начинот на ферментација, кои создаваат уникатна арома и заматеност. „Процесот на производство на пченично пиво, споредбено со лагер пивата, е сосема поразличен. Технолошки, претставува предизвик, поради нефилтрираниот карактер и потребата за стабилност на вкусови и ароми, но истовремено е и креативна авантура што отвора врата кон нови стилови и иновации во производството на пиво“, нагласува Бојаџиски.

„СКОПСКО Weiss носи возбуда која се открива во секоја голтка“, вели маркетинг менаџерката за пиво во Пивара Скопје, Марта Завкова. „Богато е со вкусови и ароми кои се откриваат постепено – од нежните ноти на банана и каранфилче, преку суптилната горчливост, до скокотливата киселост на квасецот. Тоа е пиво што те води низ едно мало патување со секоја чаша. Затоа во неговиот свет има место за сите – и за љубопитните пивски ентузијасти и за искусните пивопијци. Тоа е пиво за љубопитните истражувачи на вкусот, за урбаните хедонисти, за оние што уживаат во автентични искуства“, децидна е Завкова.

Процесот на усовршување на вкусот бил долг и прецизен

„Кога првпат го пробав СКОПСКО Weiss веднаш почувствував дека имаме нешто посебно – аромата, свежината и текстурата беа различни од сè досега. Но, пронаоѓањето на вистинскиот вкус беше процес на усовршување, кој бараше време, трпение и многу дегустации. Стотици чаши Weiss беа анализирани пред да стигнеме до совршениот баланс. Тоа беше вистинска креативна авантура која ни покажа дека сме на пат кон нешто ново и автентично“, објаснува Бојаџиски.

Суровините како клуч за автентичноста на пивото

За директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, СКОПСКО Weiss претставува спој на традицијата и иновацијата – го задржува препознатливиот квалитет и вредности на брендот СКОПСКО, додека внесува нов стил, нови суровини и нов технолошки пристап. Балансот се постигнува преку внимателна следење на процесите и вкусови кои се во духот на брендот, но истовремено носат свежина и автентичност што ги следат современите трендови и очекувања на потрошувачите.
„Главниот фокус при изборот на суровини за СКОПСКО Weiss беше ставен на создавање автентичен вкус и текстура. Избравме пченичен слад за мекост и заматеност, специјален квасец кој создава овошни и зачински ароми и хмељ со дискретен профил, за да не доминира над карактерот на пивото. Секоја суровина беше внимателно селектирана за да се постигне баланс меѓу свежина, полност и препознатлива арома,“ објаснува Бојаџиски.

Очекувањата за пазарниот успех се високи

За маркетинг менаџерката на пиво, Завкова, главната порака која стои зад СКОПСКО Weiss е дека тоа нуди ново доживување во рамките на брендот СКОПСКО.

„Би рекла дека СКОПСКО Weiss е симбол на автентичност и прогрес. Тоа ја носи традицијата на еден од најпознатите пивски стилови во светот со печат на квалитет препознатлив за СКОПСКО. Ако лагерот претставува пивска класика која обединува широка група на консументи, Weiss е ново доживување – понуда за оние кои сакаат повеќе вкус, повеќе сензација, повеќе приказна во чашата.

СКОПСКО Weiss природно го надополнува нашето портфолио и со него ја продолжуваме мисијата да внесеме свежина во пивското искуство и да им дадеме на потрошувачите нова причина да ја осознаат разноликоста на пивска категорија“, вели Завкова.

Заради својата специфичност, СКОПСКО Weiss природно се вклопува во различни моменти на уживање. „Без разлика дали е тивка пауза по напорен ден, спонтана дружба или вечера со добра храна – неговиот комплексен, но питок вкус ги прави моментите поинтензивни и поавтентични“, додава Завкова.

„Судејќи по првичните позитивни реакции, верувам дека СКОПСКО Weiss многу брзо ќе си го најде своето место на пазарот и ќе создаде лојална база на потрошувачи кои го ценат неговиот автентичен вкус и изглед“, истакнува Завкова и додава дека „на глобално ниво расте побарувачката за специјални пива, што само ја потврдува важноста од воведување новитети, особено за СКОПСКО, кое секогаш било пионер кога станува збор за иновации и пиварско мајсторство.

Со оглед на тоа дека нашата долгорочна цел е да останеме двигател на категоријата, можам да потврдам дека ќе продолжиме да лансираме нови стилови и вкусови – Weiss е само почеток“, порачува Завкова, маркетинг менаџер за пиво во Пивара Скопје.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот