Од денеска во Бугарија се отфрла „зелениот сертификат“

ковид сертификат
Ковид сертификат / Фото EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија. Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи. Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите.

И покрај укинувњето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот