Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Од Челси и Бразил до втора лига во Полска – падот на Лукас Пиазон
Карактеристичен пресврт во кариерата на Лукас Пијазон, некогаш еден од најперспективните бразилски фудбалери. Пред околу 15 години му предвидуваа блескава иднина, а како младинец мина низ сите селекции на Бразил. Во 2011 година, на само 17 години, пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како голем талент што Челси го доведе со огромни очекувања.
Препорачано
Сепак, Пијазон никогаш не ја оправда довербата. За „сините“ одигра вкупно само три натпревари – два во Лига купот и еден во Премиер лигата во декември 2012, кога Челси ја победи Астон Вила со 8:0. Тогаш влезе во второто полувреме, асистираше на својот сонародник Рамирес, но промаши и пенал.
Поголем дел од времето го минуваше на позајмици отколку во Лондон. Играше во Шпанија (Малага), Холандија (Витесе), Германија (Ајнтрахт Франкфурт), Англија (Рединг, Фулам), Италија (Киево) и Португалија (Рио Аве). Подоцна, Брага го откупи неговиот договор, но по две години повторно го прати на позајмица во Бразил (Ботафого). Минатата сезона настапуваше во Португалија за АБЦ од Авеш.
Сега, на 31 година, Пиазон потпиша договор со полскиот второлигаш Вјечиста од Краков. Дојде како слободен играч и ќе ја продолжи кариерата во полската втора лига.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
30мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5