Обвинителството отвори предмет во врска со мајката на малолетникот кој се товари за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

 Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“на малолетно лице“, јави Бета.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М.К., се наведува во соопштението.

Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето  како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба.

Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести обвинителството.

Откако ќе бидат доставени бараните пријави до обвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството.

Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот