
Обвинителството нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, тврди ЈО
Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите и најавува дека детално ќе ги испита последните известувања на АНБ за следење на сегашниот премиер и поранешен опозиционер.
Препорачано
-Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон. Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани – велат од Обвинителството.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција праша кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година и дали тоа бил сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој праша кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски?
-Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.
Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? – праша Петрушевски.