Објавен тендер за изградба на прeчистителна станица во Општина Битола

Финистерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, го објави тендерот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола”.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека крајниот рок за доставување на понуди е 10 февруари 2020 година, со што се обезбедува континуиран процес до конечната изградба на пречистителна станица и колекторски систем за собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

– Во завршна фаза е и постапката за избор на надзор на изградбата и реконструкцијата. Вкупната вредност на овој проект, финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата изнесува 27,8 милиони евра. Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал, инофрмираа од Општина Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот