
Обединетите Арапски Емирати во ноември ќе го лансираат роверот „Рашид“ на Месечината
Обединетите Арапски Емирати (OAE) во ноември ќе го лансираат својот прв лунарен ровер, вселенско летало без екипаж, кое ќе ја проучува површината на Месечината, изјави денеска директорот на мисијата, Хамад Ал Марзуд.
Препорачано
Роверот, наречен „Рашид“ по владејачкото семејство во Дубаи, ќе биде лансиран со ракетата „Фалкон 9 Спејс Икс” од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида во периодот од 9 до 15 ноември. Точниот датум ќе биде објавен следниот месец.
Роверот „Рашид“ треба да стигне до Месечината во март следната година, со помош на Јапонија. Мисијата на Месечината е дел од стратегијата на ОАЕ, земјата да преземе иницијатива во истражувањето на вселената.
Доколку мисијата успее, ОАЕ би можеле да станат четвртата земја што испратила вселенско летало на Месечината, приклучувајќи им се на САД, Советскиот Сојуз и Кина. Неуспешни беа мисиите на Индија, Израел и на Јапонија.
Еден сателит на ОАЕ е во орбитата на Марс и ја проучува атмосферата на Црвената планета. Овој проект беше спроведен во соработка со Јапонија во 2021 година.
ОАЕ во својата амбициозна вселенска програма наведува дека планира да основа колонија на Марс во која ќе живеат луѓе до 2117 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2сек
-
14мин
-
31мин
-
31мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5