фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Обамејанг ќе биде нов напаѓач на Олимпик Марсеј

Фудбалерот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг (36) од следната сезона ќе настапува за францускиот клуб Олимпик Марсеј.

Искусниот напаѓач веќе го носеше дресот на Олимпик Марсеј во периодот од 2023 до 2024 година со 34 натпревари и 17 голови.

Обамејанг ќе го напушти тимот на Ал Кадсија од Саудиска Арабија како слободен агент. За Ал Кадсија имаше 32 настапи и 17 погодоци.

Како што известува Фабрицио Романо, Обамејанг ќе потпише договор на две години со Олимпик Марсеј кој минатата сезона го освои второто место во Лига 1, и следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите.

Обамејанг во својата клупска кариера со Борусија Дортмунд освои една титула во Купот на Германија, а со Арсенал дојде до пехарот во ФА купот, а беше финалист во Лигата на Европа во сезоната 2018-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот