
Нутриционист открива кои три масла се најлоши за здравјето на срцето
Знаеме дека за здраво срце треба да не пушиме, да внимаваме со консумирањето алкохол, да внимаваме на исхраната и да практикуваме физичка активност, но постојат и други работи што можеме да ги направиме.
Препорачано
На пример, маслото за пржење е една од најчесто користените состојки за готвење, но постојат некои видови кои се, всушност, штетни за срцето ако не внимаваме.
Според нутриционистката Крутика Нанавати, трите најлоши видови на масло се палминото, кокосовото и пченкарното масло.
Палмино масло
Заситените масти се многу лоши за здравјето, а ги има во палминото масло.
„Пламиното масло е богато со заситени масти, што може да придонесе за повисоки нивоа на ЛДЛ холестерол (лош холестерол) во нашите тела“, објаснила Нанавати.
Кокосово масло
Кокосовото масло може да направи чуда за вашата коса, но Нанавати вели дека не треба да готвите со него, особено ако водите сметка за здравјето на срцето.
„Иако кокосовото масло е пофалено за неговите здравствени придобивки, важно е да се напомене дека содржи висок процент на заситени масти – речиси 82 отсто. Истражувањата покажаа дека прекумерната потрошувачка на такви масти може да го зголеми ризикот од коронарна срцева болест со зголемување нивото на холестерол во крвта“, рекла таа.
Пченкарно масло
Маслото од пченка е уште една популарна опција што треба да се избегнува.
„Пченкарното масло е богато со омега-6 масни киселини, со кои не треба да се претерува при употребата, бидејќи можат да предизвикаат воспаление во организмот и да го нарушат односот на омега-6 и омега-3 киселините. Се верува дека оваа нерамнотежа, со доминација на омега-6 масни киселини, придонесуваат за болести на срцето. Иако омега-6 масните киселини не се инхерентно лоши, модерната западна исхрана има тенденција да вклучува премногу од овие масти и премалку омега-3 масни киселини, создавајќи нездрава рамнотежа“, заклучила нутриционистката.