фото: ФК Вардар

„Новоматик“ ќе биде нов генерален спонзор на ФК Вардар

Според најавите во вторник фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов генерален спонзор. Се очекува австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ да го преземе спонзирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Во просториите на „Новоматик Македонија“ ќе биде потпишан договорот.

Во меѓувреме играчите на тренерот Горазд Михајлов се подготвуваат за новата сезона.

Ново засилување е Филип Најдовски, а продолжена е соработката со српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ.

Ако минатата сезона целта беше опстанок, во новата се очекува да се влезе со поголеми амбиции и се бори клубот за погорните позиции во прволигашкиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот