Ново судење на Бранимир Главаш за убиството врз Србите во Осиек
Денеска во Врховниот суд на Хрватска, започнува новото судење за воениот злосторник Бранимир Главаш, за убиството на српските цивили во Осиек 1991-ва година.
Судењето на Главаш и останатите осудени ќе започне од почеток, поради промената на судскиот совет, пренесува ХРТ.
Претходното судење за случаите „гаража“ и „салотејп“ се закажи откако Врховниот суд во почетокот на јануари 2020-та година ја укина одлуката на вонсудскиот совет на загребскиот Врховен суд од март 2019-та година, според кој повтореното судење треба да ги одвои Главаш од останатите обвинети.
Главаш, поранешниот воен началник на секретаријатот за одбрана, а подоцна и основач на Хрватскиот демократски сојуз, ги отфрла обвинувањата за злосторствата, малтретирањата и убиствата на Србите од Осиек.
На првото судење на Главаш и останатите осудени им беше изречена долгогодишна казна затвор, но Уставниот суд ја укина пресудата. Главаш до тогаш ја имаше одлежано повеќето од 8-годишната казна во затворите на Босна и Херцеговина.
Тој во 2019-та година покрена кривична пријава против Крунослав Фехир за убиство и воено злосторство на штета на Чедомир Вуковиќ, која во Врховното државно обвинителство беше одбиена.
Фехир беше сведок на првото судење на Галаш, бидејќи во нападите во 1991-ва година, тој како 16 годишник бил на местото кога Чедомир Вучковиќ ги малтретирал Србите од Осиек, да пијат киселини од акумулатор во една просторија на тогашниот Секретеријат на народна одбрана.
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на крајот на мај годинава, на Бранимир Главаш му ги врати одликувањата и чинот генерал-мајор, кои во 2010-та му беа одземени од страна на тогашниот претседател Иво Јосиповиќ.