Фото: FIFA

Ново правило во Италија: Судиите сите ВАР одлуки ќе ги објаснуваат пред публиката

Италијанскиот фудбал од оваа сезона влегува во нова ера на комуникација и транспарентност, судиите во Серија А и останатите натпреварувања ќе имаат можност јавно да ги објаснуваат своите одлуки донесени со помош на ВАР технологијата. Информацијата ја потврди првиот човек на судиската комисија во Италија, Џанлука Роки.

Новитетот, кој веќе беше предвиден за финалните натпревари од Купот на Италија во минатата сезона, тогаш не беше ставен во функција бидејќи не се појави потреба за ВАР интервенции кои бараат директна комуникација. Сепак, системот веќе беше тестиран на неодамна одржаното Светско клупско првенство и сега ќе се користи во сите натпреварувања во Италија.

„Голема новост за оваа сезона ќе биде објаснувањето на теренот. Судиите по проверката на ВАР ќе можат да ги објаснат своите одлуки директно на публиката која е на стадионот и пред малите екрани. Ова е важен чекор напред во комуникацијата бидејќи веќе неколку години наназад бараме поголема транспарентност. Сега објаснување ќе можеме да добиеме директно и во реално време. Имаме одбрана група на судии и сакаме да обезбедиме дека јазикот што ќе се користи ќе биде заеднички“, изјави Роки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот