фото: EPA-EFE/Chema Moya

Ново изненадување во Мадрид, елиминиран шампионот Андреј Рубљов

Уште еден тенисер од првите 10 е елиминиран од тенискиот Мастерс во Мадрид, Шпанија. Сега, Русинот Андреј Рубљов беше поразен во третото коло на турнирот од Казахстанецот Александар Бублик по голема борба во три сета (6:4, 0:6, 6:4).

Бублик ќе игра против подобриот играч од дуелот меѓу Шелтон и Меншик во осминафиналето.

Гледавме неизвесен меч, кој не беше полн со брејкови, кога станува збор за првиот сет од овој меч. Бублик го реши во своја корист, правејќи еден брејк во шестиот гем, што беше доволно за водство.

Осмиот тенисер на светот одговори енергично во следниот сет, не дозволувајќи му на својот ривал да земе ниту еден гем, и набрзо беше се дојде до израмнување во сетови.

Во третиот сет, сликата беше пресликана како и во првиот, кога одлучи само еден брејк. Во првиот гем, Бублик успеа да го добие гемот на сервис на противникот, а таа предност успеа да ја одржи до крајот на сетот, со што оствари голема победа.

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и во Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот