Фото: SplashdownDirect / Ingrid Visser / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ново истражување открива: Родителите пингвини спијат повеќе од 10.000 пати дневно

Повеќето родители се борат со недостаток на сон – но некои пингвини смислиле начин да се одморат. Според една нова студија објавена во списанието „Саенс“ (Science), антарктичките пингвините кои се гнездат, дневно отспиваат по 10.000 пати. Но, нивните дремки се кратки и траат околу четири секунди, пишува „Фокс њуз“.

Истражувачи од повеќе земји, предводени од Истражувачкиот центар за невронаука во Лион, Франција, ја спроведоа студијата со одгледување пингвини и користење на далечински мониторинг на електроенцефалограм (ЕЕГ), кој ги детектира промените во активноста на мозокот. 10.000 дремки од четири секунди додаваат до 11 часа сон во текот на денот, што истражувачите го сметаат за адекватен сон за родителите пингвини.

Фото: Michael S. Nolan / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Ако микросонот ги исполнува функциите на спиењето, тогаш животните кои треба да бидат будни би можеле да прибегнат кон оваа стратегија за спиење“, сугерира студијата.

Иако микроспиењето е забележано и кај други видови, вклучувајќи ги и луѓето, истражувачите велат дека нивното откритие кај пингвините било невообичаено. Тие веруваат дека овој тип на сон „може да биде адаптација за да се справат со потребата да останат будни и да го заштитат своето јајце додека сè уште имаат корист од спиењето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот