Фото: EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK

Ново драматично обраќање на Зеленски: Нѐ чека тешка ноќ и руски јуриш на Киев, мораме да издржиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видеопорака до нацијата најави дека земјата и особено Киев, ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува налет на руската армија врз главниот град, пренесе ДПА.

Во речиси петминутиот говор, Зеленски ја повика јавноста да го брани главниот град на Украина со сите средства.

Во текот на целата вечер во Киев се слушаат експлозии од ракетни напади и истрели од оружје, а слична е ситуацијата и во неколку поголеми градови низ земјата, меѓу кои и Одеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот