Плакат со тридневната програма на „Еволуција на сонот“

Новиот урбан фестивал „Еволуција на сонот“ ќе се одржи од 11 до 13 септември во паркот во Ѓорче Петров

Во централниот општински парк на Ѓорче Петров од 11 до 13 септември ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Фестивалот носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма на изразување.

Фестивалот има корени од 2016 година, кога старата куќа на улица „Рузвелтова“ бр. 44а беше претворена во уметнички простор пред нејзиното рушење. Деветте соби на дебармаалската куќа беа насликани со мурали од реномирани уметници, придружени со концерти и перформанси, оставајќи магично искуство за посетителите.

Подоцна, проектот продолжи во Кинотеката на Македонија со музичко-визуелни настапи и изложби. Ова е негово трето издание, но прво во форма на урбан фестивал што ќе продолжи да расте и да се надградува во наредните години.

Програмата на фестивалот ќе биде отворена на 11 септември, во 20 часот, а фестивалот ќе почне во соработка со уметничкото движење „Palomart“ од Неапол. Ќе настапат уметници и музичари од Португалија, Бразил и Италија со лајв аудио-визуелни перформанси, концерти, диџеј-сетови, уметнички инсталации и мурална уметност.

Вториот фестивалски ден на 12 септември е посветен на слободата на изразување преку музика, танц и визуелна уметност. Ќе има перкусионистичка работилница со бразилски уметник, лајв графити-перформанси и диџеј-сетови на Oky Doky, Double G, Аце КН и други. Атмосферата ќе биде збогатена со урбани активности и спортски натпревари.

Завршниот ден на 13 септември ќе донесе концерти на „Џун“ и Пијан Славеј, кои ќе ни ја пренесат свежината на еден нов музичко-поетски формат што носи поразличен звук на македонската сцена.

Како платформа за култура и заедништво, фестивалот „Еволуција на сонот 2025“ претставува урбано, музичко и уметничко доживување кое ги обединува различните култури и генерации, создавајќи платформа за дијалог, инспирација и заедништво.

– Се надеваме дека фестивалот ќе ја добие поддршката на јавноста и ќе се вброи меѓу значајните културни настани во Скопје – истакнува Весела Моловска, основач и организатор на „Еволуција на сонот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот