
Новиот филм за принцезата Дијана ќе има премиера на Филмскиот фестивал во Венеција
Филмот „Спенсер“, долгоочекуваната драма на Пабло Лараин во која Кристен Стјуарт ја толкува принцезата Дијана, својата светска премиера ќе ја доживее на Филмскиот фестивал во Венеција, пренесува „Variety“.
Препорачано
Напишан од креаторот на популарната серија „Peaky Blinders“ – Стивен Најт, приказната на филмот се фокусира на еден викенд во раните 90-ти кога Дијана решила да се раздели од принцот Чарлс.
View this post on Instagram
Покојната принцеза ги поминувала божиќните празници со кралското семејство во имотот Сандрингем во Норфолк, кога решила да го прекине бракот со принцот Чарлс.
Стјуарт игра во филмот заедно со ѕвездата на серијата „Poldark“, Џек Фартинг, кој го игра принцот Чарлс. Филмот ќе биде објавен во 2022 година по повод 25-годишнината од смртта на Дијана.
View this post on Instagram
Студиата „Neon“ и „Topic Studios“ заедно ги стекнаа американските права на филмот во јуни 2020 година. Се очекува филмот да биде номиниран и за Оскар. Најновата продукција на режисерот Лареин за филмот „Jackie“ ѝ донесе на Натали Портман номинација за најдобра актерка за улогата на Џеки Кенеди Оназис во деновите по убиството на Џон Ф. Кенеди.