Новиот аргентински претседател вети радикални мерки за реконструкција на болната економија

Хавиер Милеи / Фото EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Новиот екстремно десничарски претседател на Аргентина вети економска „шок-терапија“ за време на неговиот инаугурациски говор. Хавиер Милеи ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер дојде до ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа синоќа во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците, наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%, пренесува Би-Би-Си.

„Заклучокот е дека нема алтернатива за штедење и нема алтернатива за шок-терапија. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеи.

Новиот претседател брзо се издигна од релативна анонимност до највисоката функција во Аргентина на десничарска платформа која се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени, меѓу другото.

Тој често беше фотографиран со моторна пила за време на кампањата, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

За време на кампањата, тој рече дека ќе ја замени валутата на Аргентина со доларот и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели. Иако претседателот на таа земја има големи овластувања, Милеи се соочува со голем број проблеми. Тој најверојатно ќе се соочи со опозицијата во Конгресот на Аргентина, каде што неговата коалиција на мали десничарски и слободарски партии има само малцинска застапеност.

Останува да се види како новиот претседател ќе и пристапи на работата во пракса. Некои политички коментатори забележаа дека тој усвоил поумерен тон по неговата изборна победа. Од друга страна, само неколку часа по преземањето на функцијата, Милеи потпиша декрет за намалување на бројот на сектори од 18 на девет, исполнувајќи го клучното ветување.

Меѓу гостите на церемонијата на полагање заклетва беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се состана со неколку латиноамерикански лидери додека се обидува да ја зајакне глобалната поддршка за руската инвазија. Присутен беше и унгарскиот претседател Виктор Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот