
Нови трендови во современата уметност претставува меѓународната групна изложба „Имагинација на мајстори“ во Торино
Македонската уметница Марија Павловска учествува во меѓународната групна изложба „Имагинација на мајстори“, која од 27 септември до 15 октомври е поставена во Музејот на современа уметност (МИИТ) во Торино, Италија. Изложбата е курирана од Кристи Митерхубер и директорот на музејот, Гвидо Фолко.
Препорачано
Групната изложба ги претставува делата на 24 меѓународни уметници од целиот свет во фасцинантно патување на откривање низ стилови, жанрови и изрази кои се движат од фигуративно сликарство до апстрактна и неформална уметност, овозможувајќи им на посетителите да откријат нови трендови во современата уметност.
Во глобализираниот свет уметноста ги задржува своите уникатни карактеристики и идентитет. Изложбата прикажува култури и уметнички традиции на земјите-соседи на Италија, кои се различни по својата уметничка вокација.
Меѓу уметниците присутни на изложбата се Алин Пуге, Ана Пињо Варгас, Анхеле Шимолиуниене, Кастро Кардосо Сиделма, Кристи Митерхубер, Клер Шутен, Естер Лути, Хала Кусијак, Јани Ниби, Јулија Фернандез Реболо, Латана (студио), Лидија Комеча, Марселе Мансур, Марија Павловска, Мајкл Дурст, Патриша Штајнман-Брит, Питер Кадрмас, Раиса Амброс, Ромаин Куонен, Розита Ларсон, Сабрина С. Гразина, Татјана Лобач.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 301, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5.10.2025)