Нови резултати за професорот Дидие Раул, кај 9 од 10 пациенти лекот против маларија ефикасен и против коронавирусот

Научно-истражувачкиот институт на професорот Дидие Раул во Марсеј на интернет го објави резимето на новата студија во која се спомнуваат заслугите на хидроксихлорокин против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинската сфера, јави дописникот на МИА.

Пред институтот е истакнат банер на кој пишува „Благодариме на нашите херои, ве сакаме“ / 25 март 2020, Марсеј, Франција / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

– Хидроксихлорокин (добиен од хлорокин, лек против маларија) во комбинација со азитромицин (антибиотик,), администриран веднаш по дијагнозата, е безбеден и ефикасен третман против Ковид-19, се наведува во заклучокот на истражувањето, што денеска беше претставено на претседателот Емануел Макрон за време на неговата изненадувачка посета на Болничко-универзитетскиот институт Медитеране Инфекција.

Според студијата, на 1.061 пациенти тестирани позитивно за новиот коронавирус и заразени  „најмалку три дена” го добиле овој третман промовиран од специјалистот за заразни болести.

По 10 дена, повеќе од девет од десет пациенти (91,7 отсто) имаа нула вирусно оптеретување, што значи дека не е пронајден коронавирус во нивните анализи, додека пет лица починале, пациенти на возраст од 74 до 95 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот