фото:твитер

Нови проблеми за ПСЖ: Мбапе позитивен на коронавирус!

Еден од најдобрите француски репрезентативци е вкупно седмиот играч од редовите на париските „светци“ кој има позитивен тест на Ковид-19.

Килијан Мбапе имаше тестирање за коронавирус пред натпреварот против селекцијата на Хрватска како нов проблем за националната А селекција, но и за францускиот шампион.

Од претходно позитивни на коронавирус токму од екипата на ПСЖ се и Нејмар, Икарди, Ди Марија, Паредес, Навас и Маркињос.

Како што информираат француските медиуми, Мбапе нема никакви симптоми, но ќе мора да оди во изолација од 14 дена.

21-годишниот напаѓач и воедно светски шампион од 2018, има досега три титули во „Лига 1“, а минатата сезона беше финалист во ЛШ.

„Триколорите“ на стартот од новото издание во Лигата на нации (Лига „А“) пред два дена триумфираа со 0:1 кај Шведска.

Проблеми во ПСЖ, управата му порача на Мбапе да молчи и да не се меша во трансферите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот