
Новата Људмила Павличенко: Која е мистериозната снајперистка од Украина?
Неверојатната храброст и сила на Украинките за време на руската инвазија го воодушевува целиот свет, а оваа приказна секојдневно добива нови продолженија, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Имено, една мистериозна снајперистка чиј вистински идентитет не е познат во јавноста, неодамна почна да кружи на социјалните мрежи, а поради нејзиниот потег Украинците веќе ја нарекуваат национален херој.
Жената која го крие своето лице со шал е позната под прекарот Угљенка, а симбол на украинскиот отпор против руските агресори станала кога станала дел од првата борбена линија, ветувајќи дека ќе се бори до крај.
„Ова не се луѓе. Дури и фашистите не биле толку подли. Мораме да ги истераме“, рекла таа. „Дефинитивно ќе победиме. Ќе останам до крај“, рече таа.
A Ukrainian female sniper who goes by “Ugoliok” which means charcoal.? pic.twitter.com/WOQHPMu2WC
— Anastasiia Lapatina (@lapatina_) April 3, 2022
Нејзините фотографии масовно почнаа да кружат на социјалните мрежи предизвикувајќи лавина коментари. Меѓу другото, некои тврдат дека таа е женска верзија на „Духот од Киев“ – митскиот бестрашен пилот кој досега наводно соборил неколку руски воени авиони.
Снајперистката им се придружила на украинските маринци уште во 2017 година и се борела против проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, на истокот на земјата.
Иако првично ја напуштила војската во јануари оваа година, по еден месец повторно се вратила во редовите на 35-та пешадиска бригада.
One remarkable women was Lyudmila Pavlichenko, one of the deadliest snipers in military history. Born in Ukraine, Pavlichenko moved to Kyiv in 1930 at the age of 14. With 309 confirmed kills, she is one the deadliest snipers in history. June, 1942. 2/3 pic.twitter.com/f4nhjVl1lN
— A Beautiful Culture (@ABeautifulCult1) April 1, 2022
Угљенка ја споредуваат со легендарната Украинка Људмила Павличенко која убила 309 нацисти во Втората светска војна и се смета за најуспешната снајперистка досега. Павличенко на крајот го доби највисокото признание на нејзината земја – херој на Советскиот Сојуз, а по војната нејзиниот лик се појавил и на поштенски марки. А во 2015 година беше снимен игран филм за неа.
Да потсетиме, жените се сосема нормална појава во украинската армија, а откако изби војната, повеќето од нив воопшто не се двоумеле да земат оружје и да го заменат своето секојдневието со бојно поле. Според податоците од почетокот на инвазијата, украинската војска ја сочинувале дури 17 отсто жени.