Фото: Општина Аеродром

Нова водоводна мрежа за околу 300 домаќинства на улица во Горно Лисиче

Во тек е целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, со што конечно треба да се реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на околу 300 домаќинства.

Реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени со нови цевки Ф110 во должина од 1000 метри, како и дополнителни приклучоци на мрежата.

Старата водоводна мрежа со години предизвикуваше загуби на притисокот или прекини на водоснабдувањето, поради што дел од потрошувачите во одредени периоди од денот често остануваа без вода, особено во летниот период. Токму со замената на цевките, жителите на овој дел од Горно Лисиче конечно ќе имаат непречен пристап до вода – велат од Аеродром.

Проектот е финансиран со средства од Владата во износ од 12 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот