Основното училиште „Стоја“ во Пула / фото: Istarski.hr

Нова побуна против проблематичен ученик во Хрватска – родители во Пула не ги пуштаат децата на училиште

Родители на ученици од основното училиште „Стоја“ во хрватскиот град Пула велат дека нема да ги пуштат своите деца на училиште по зимскиот распуст, додека не добијат „конкретно и одржливо решение“ кое ќе обезбеди сигурност и благосостојба на учениците. Причина за ова е префрлањето на ученик познат по своето проблематично однесување, од друго училиште во градот. Ученикот наводно добил три укори и предизвикал интервенција на полицијата во старото школо.

Родителите нагласуваат дека немаат ништо против детето, но бараат заштита на нивните деца, особено поради информациите дека пренесениот ученик бил насилен кон своите врсници во претходното училиште, пренесува порталот „Истарски“.

„Не сакаме да ги избркаме децата од училиште, но доколку надлежните служби не ги преземат потребните мерки, ќе бидеме принудени правдата да ја бараме преку адвокатите и медиумите“, посочуваат родителите во писмото. Тие велат дека бараат проблемот да се реши во рамките на училиштето, со соодветна поддршка за ученикот.

Родителската средба со директорката не донесе никакви промени – одлуката за преместување останува во сила, а родителите остануваат на ставот за бојкот на наставата.

Сличен случај во Хрватска имаше и пред неколку месеци, кога поради проблематично дете во класот, бојкотираа ученици во загрепско училиште. Таа ситуација се разреши со тоа што родителите на детето го отпишаа од училиштето и се преселија во Италија.

Ваквите случаи не ја одбегнаа ниту Македонија – префрлањето на ученик со проблематично однесување од едно во друго скопско училиште есенва предизвика бојкот во двете училишта, а случајот привремено беше решен со тоа што момчето до крајот на првото полугодие следеше онлајн настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот