Нова книга со пикантерии: Тејлор Свифт одбила да настапи за британскиот крал Чарлс Трети

Фото: EPA

Американската пејачка Тејлор Свифт ја одбила понудата да настапи на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во мај годинава, според новата книга „Крајот на играта: Увид во кралското семејство и борбата на монархијата за опстанок“ („Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival“) од Омид Скоби.

Свифт ја започна својата шестта концертна турнеја „Ерите“ („The Eras“) кон крајот на март и датумите на нејзините концерти веќе беа објавени. Па, еден од нејзините три последователни концерти во Нешвил, Тенеси, од 5 до 7 мај, се поклопи со крунисувањето на крајот, кое се одржа на 6 мај.

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ја поздравуваат толпата пред Бакингемска палата на денот на нивното крунисување во Лондон, Велика Британија / 6 мај 2023 / Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Но, таа не била единствената музичка ѕвезда која го пропуштила настапот на крунисувањето, пишува Скоби во книгата и додава дека било „предизвик“ да се состави листата со изведувачи кои ќе настапат на крунисувањето.

И британскиот пејач Елтон Џон не настапи поради проблеми со распоредот, изјави неговиот претставник за „Ју-Ес викли“. Авторот на книгата додаде дека „Спајс грлс“, Хари Стајлс и Адел, наводно, одбиле да настапат пред британскиот крал.

елтон џон
Елтон Џон / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Меѓу забавувачите кои настапија на настанот беа Кети Пери, Лајонел Ричи, Андреа Бочели и групата „Тејк дет“.

Непоредно пред настапот, Пери ја изрази својата благодарност во интервју за „Ентертејмент тунајт“.

„Го запознав идниот британски крал пред неколку години и тој ме назначи за еден од амбасадорите на неговата организација, која помага во борбата против трговијата со деца. Исто така, јас сум амбасадорка на УНИЦЕФ и тоа е во согласност со моите вредности“, изјави пејачката.

Кети Пери / Фото: Jane Barlow / AFP / Profimedia

И Лајонел Ричи, исто така, беше горд на своето учество на крунисувањето.

„Воодушевен сум од тоа што сум дел од овој историски настан. Многу сум возбуден што сум тука, јас доживеав историја“, изјави тој.

ФОТО | „Каменот на судбината“ пристигна во Лондон за крунисувањето на Чарлс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот