НОВ СКАНДАЛ НА ШТРАХЕ: Австрискиот политичар со години примал огромни суми на пари од украински бизнисмени

Поранешниот вицеканцелар на Австрија, Ханц Кристијан Штрахе/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Поранешниот австриски канцелар и некогашен лидер на партијата ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе, добивал куфери полни со евра, пишуваат германските медиуми кои претходно ја открија неговата афера „Ибица“.

За потсетување, поради „Ибица“ Штрахе остана без систе свои функции, а во Австрија беа распишани избори.

Сепак, двата медиуми кои ја открија целата афера, „Шпигл“ и минхенскиот „Зидојче цајтунг“ очигледно имаат уште информации за политичката кариера на сега посрамениот австриски политичар.

Тие стигнале до ексклузивни фотиграфии од спортски торби полни со банкноти од 50 и 100 евра, кои наводно ги примал Штрахе во неколку наврати, и тоа пред избивањето на аферата „Ибица“.

Фотографијата им ја доставил човек чиј идентитет нема да го објават за јавноста, но се наведува дека таа личност била многу блиска со Австриецот. Се шпекулира дека станува збор за неговиот телохранител, поради фактот оти сите фотографии се направени со „паметен телефон“ од непосредна близина.

„Шпингл онлајн“ истакнува дека проверката на фотографиите траела со месеци, како и идентитетот на личноста која ги доставила. Дополнително, бил ангажиран цел тим на експерти од истрагата за аферата „Ибица“, и новинарите кои пишувале за неа.

На крајот е потврдено дека фотографиите се автентични, а потврдено е и која година се направени и каде точно е извршена размената.

Се верува, како што пишува „Шпигл онлајн“ дека тоа „подмитување со торбите полни со пари не се случило некаде со ликовите од италијанската мафија или од Косово, туку ни помалку ни повеќе во срцето на Австрија – во Виена“.

Исто така, три размени за кои постојат фотографии се случиле на места невообичаени за таква врста на активности. Првата размена се случила пред зградата на градското собрание во Виена, втората пред продавница со накит во строгиот центар на австриската престолнина, а третата на главна улица во туристичкиот град Портшах ам Вуртхерзе.

Веднаш до собранието се наоѓа и регионалната канцеларија на ФПО, а таа година тука била и адвокатската канцеларија на долгогодишниот политичар на ФПО, Питер Фихтенбауер.

Со овие фотографии и изјава на сведок, кој исистирал да остане анонимен, цел скандал добива нова димензија бидејќи, ако се потврди вистинистоста на овие настани, Штрахе со години живеел примајќи мито за да работи против интересите на Австрија и нејзините граѓани, додека примал плата добиена од даночните обврзници на истите тие граѓани на Австрија.

Медумите сега започнаа да ги поврзуваат работите, односно многу луксузниот начин на живот на австрискиот политичар, како и скапоцениот автомобил од марката „бмв“ кој тогаш го користел како службено возило.

Според наводните изјави на сведоците, Штрахе бил континуирано подмитуван со пари од една источноевропска земја, а како најсериозен кандидат се наведува Украина.

Зошто? Затоа што во случајот 14 Цг 36/16с кој се води под оваа шифра во виенски суд, бизнисмен со името Ернст Нојмаер го тужи поранешниот парламентарец од партијата ФПО Томас Шеленбахер, од кој бара да му исплати два милиони евра, кој не му обезбедил место во парламентот.

Се се поврзува до контактите на Шеленбахер во Украина, меѓу кои е и милијардерот Ихор Коломојски, кои имаат „деловни интереси“ во Австрија.

Договорот бил направен така што, според тврдењата на Нојмаер, Украинците да дадат 10 милиони евра, вклучувајќи и четири милиони за ФПО, како и по два милиони за Штрахе и Фихтенбауер, од почетокот на приказната, но и Нојмаер, кој очигледно не го добил својот дел од колачот и ја покренал тужбата.

Целта, според сомненијата, било да се обезбеди контрола над поголемиот дел од австрискиот парламент за интересите на украинските бизнисмени да се спроведуваат без проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот