Пожарна Дизелдорф / Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

Пожар утрово во сервис за коли кај Пинтија

Нов пожар рано утрово изби во скопската населба Пинтија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информираше дека утрово пред 4.00 часот избил тежок пожар во сервис за возила над „Стаклара“ во местото наречено Каменик, во кој имало повеќе автомобили, масло за автомобили и други запаливи предмети.

„БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот“, изјави Ангелов.

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државата има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.

Сè уште гори во Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);

Под контрола се ставени пожарите во депонијата „Дрисла“ и во село Трубарево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот