
Нов масакр во Нигерија – членови на Боко Харам убиле најмалку 60 луѓе
Членови на исламистичката милитантна група Боко Харам вчера убиле најмалку 60 луѓе во село во Нигерија, јавија светските медиуми.
Препорачано
Нападот бил извршен во петокот навечер во селото Дарул Џамал, во административната област Бама, каде неодамна се вратиле жители кои претходно биле сместени во кампови за внатрешно раселени лица.
Жителот Мохамед Бабагана изјави дека вооружените напаѓачи убиле десетици. Гувернерот на сојузната држава Борно, Бабагана Зулум, кој го посети селото, потврди дека бројот на жртвите може да надмине 60.
– Се солидаризираме со жителите и организираме засилена безбедност, како и снабдување со храна и други неопходни производи, изјави Зулум.
Началникот на локалната управа во Бама, Моду Гуџа, соопшти дека биле запалени десетици куќи и над 100 луѓе биле принудени да избегаат.
Според Тајво Адебаjо, експерт за „Боко Харам“ од Институтот за истражување на безбедноста, нападот го извршила фракција на групата позната како „Џамаату Алис Суна Лидаауати уал-Џихад“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
56мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5