Фото: Pexels/cottonbro studio

„Ноќните птици“ умираат порано во животот, но легнувањето доцна не е главниот виновник

Голема 37-годишна студија откри нешто ново за оние кои имаат тенденција да остануваат будни до доцна – тие се со поголема веројатност да умрат на помлада возраст. Но, тоа е така поради факторите на ризик како што се пушењето и пиењето алкохол, а не затоа што остануваат будни до доцна во кревет, пишува „Саенс алерт“.

За оваа студија беа анализирани податоци за 22.976 фински возрасни близнаци, од кои 42,9 проценти биле идентификувани како делумно „вечерни типови“ или „вечерни типови“. Технички, ова се типови луѓе определени според нивната тенденција да заспијат порано или подоцна, како и според тоа кога се поактивни – во текот на денот или навечер.

И претходни студии покажаа дека „ноќните птици“ имаат поголем ризик од порана смрт и склоност кон поризично однесување. Во една нова студија, се чини дека поголемата шанса за порана смрт не е директно поврзана со типот на личноста, туку со други фактори.

„Зголемениот ризик за смртност, поврзан со тоа да се биде ‘вечерна личност’, се чини дека во голема мера е поврзан со поголемата тенденција за пушење тутун или пиење алкохол. Тоа е споредено со оние кои очигледно се ‘утрински типови’ луѓе“, вели Кристер Хаблин, истражувач во Финскиот институт за професионално здравје.

Фото: Pexels/Joel

Откако биле идентификувани типовите за учесниците во студијата во 1981 година, истражувачите ги следеа сѐ до 2018 година, гледајќи ги стапките на смртност утврдени од државните регистри.

Биле земени предвид факторите како образование, телесна маса и навики за спиење, како и дали испитаниците биле пушачи и колку често консумирале алкохол.

До 2018 година, истражувачите откриле дека 8.728 учесници починале. Шансата за умирање, без оглед на причината, била девет проценти поголема кај оние кои рекле дека се целосно (не делумно) „вечерни типови“, отколку оние кои биле целосно „утрински типови“.

Сепак, непушачите од оваа група „ноќни птици“, кои исто така не пиеле многу, не биле изложени на зголемен ризик од смрт, без оглед на причината. Тимот откри дека пушењето и пиењето алкохол (кои доведуваат до болести поврзани со алкохол, како и труење со алкохол) се дополнителни фактори за предизвикување порана смрт.

Фото: Pexels/Alp Ar Tunga Jabbarli

Иако тоа што сте „вечерен тип“ на човек не мора да значи дека имате лоши навики за спиење, тие две нешта неретко одат заедно. Пореметувањето на сонот може да доведе до голем број ментални и физички проблеми, а исто така претходно било поврзано со зависности. На пример, со никотин или алкохол.

„Постои врска помеѓу работата на деноноќниот систем, бидејќи нивото на алкохол и употреба на супстанции корелира со тенденцијата да се остане буден подоцна во ноќта“, пишуваат истражувачите во објавениот труд.

За разлика од претходното истражување, кое му претходело на ова, тимот не откри зголемен ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.

Како и секогаш, подеталните студии кои вклучуваат повеќе луѓе од повеќе земји ќе помогнат да се расветли овој однос. Сепак, се чини дека науката треба да ги земе предвид не само нашите навики за спиење, туку и некои од изборите за животниот стил што ја зголемуваат веројатноста за појава на дополнителни здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот