Нокиа се повлекува од Русија

Компанијата Нокиа/ Фото SOPA Images Limited / Alamy / Alamy / Profimedia

Нокиа, производител на телекомуникациска опрема, се повлекува од рускиот пазар. Ова за Ројтерс го потврди шефот на менаџментот на Нокиа, Пека Лундмарк. Одлуката ќе влијае на околу 2.000 работници, рече тој.

Гардијан пишува дека телекомуникацискиот сектор бил изземен од дел од санкциите поради хуманитарни причини, но Нокиа рече дека заминувањето од Русија „е единствената опција“.

„Ние едноставно не видовме можност да продолжиме да работиме во Русија под сегашните околности“, рече Лундмарк.

Тој рече дека не знае колку долго ќе трае повлекувањето на Нокиа од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот