
Ниту „Северен поток 2“ нема да ја задоволи растечката европска побарувачка
На Европа и недостига гас. Се заканува дефицит од 300 милиони кубни метри годишно, предупредува Андреас Ширебек, директор на германскиот „Унипер“.
Препорачано
Во таква ситуација, покрај гасоводот, ќе биде потребно да се купува повеќе руски течен гас. Но, „Северн поток 2“, според мислењето на европејците, треба што поскоро да започне со работа.
На Европа во 2018 година и биле потребни 390 милијарди кубни метри увезен гас. Половината ја има обезбедено до Русија – „Гаспром“ има испорачано рекордни 201,7 милијарди кубни метри. Со пуштењето во погон на „Северен поток 2“, капацитетот ќе биде 55 милијарди кубни метри годишно, па така извозот значително ќе се зголеми.
Меѓутоа, како што споменува Андреас Ширебек, дури ниту „Северен поток 2“ нема да ја задоволи растечката европска побарувачка. Според неговите проценки, дефицитот за гас на континетот би можел да достигне 300 милијарди кубни метри годишно.
Недостатокот на „синото гориво“ не е само резултат од зголемената потрошувачка на гас од страна на европејците, колку постојаниот пад на домашното производство. Во холандски Гронинген, каде се произведуваше шестина од вкупното производство на гас во ЕУ, се затвораат бушотините, а конечното затворање на наоѓалиштата неодамна е одложено.
Производството исто така го намалува и Данска која не и дозволува на Русија да изгради дел од гасоводот во територијалните води. Наоѓалиштето „Тајра“ ја стопираше работата и сега оваа земја купува гас од Германија. Како што наведуваат тамошните медиуми, ова значи зависност од руски гас, поради тоа што Германија ова гориво го добива токму од Русија.
Аналитичарите се уверени дека Данците ќе дадат зелено светло за „Северен поток 2“ за еден месец, поради тоа што Копенхаген ќе се соочи со повеќемилионски тужби од компаниите опрератори на проектот.
– Исто така треба да се истакне намалувањето на производството и испораката на гас од Норвешка и Велика Британија, потсетува директорот на „Унипер“.
– Настанува значителен јаз помеѓу понудата и побарувачката – додава Ширебек, кој всушност е многу сигурен дека на Европа ќе и биде потребен гас.