
Совет од професионалните готвачи: Не ви треба ниту ренде ниту нож, eве каде грешите кога сечете зелка
Салатата од зелка е едно од најпопуларните јадења на нашите трпези, а се подготвува за речиси секоја слава и прослава, но и секојдневно заедно со ручекот. Но, за овој начин на сечење не сте слушнале.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, професионалните готвачи ја открија својата тајна за најмеката салата од зелка и со задоволство ја споделуваат со вас.
За да ја исечкате зелката за салата која ќе биде совршена, треба да примените едноставна техника и да заборавите на класичното ренде или големите ножеви за сечење зелка.
Сè што ви треба е кујнско ноже за лупење зеленчук.
Главицата на зелката пресечете ја на половина, а потоа и на четвртинки. Ставете четвртина главица зелка на даската за сечење, земете го ножето за лупење зеленчук и повлекувајте нагоре-надолу по внатрешноста на зелката.
Салатата ќе биде рамномерно исечена, зелката ќе биде тенка, а со самото тоа и добро ќе ги впие сите зачини или готовиот прелив.
Покрај тоа, работата ќе се заврши брзо, а домаќинката нема да мора да вложи многу труд за да ја подготви салатата.
За салатата да биде што повкусна, задолжително заедно со солта додадете и малку шеќер, стандардното – масло и оцет и малку вода.
Добро измешајте ја салатата и оставете ја да отстои околу 15 минути пред да ја послужите со главното јадење.
Благодарение на водата, зелката ќе стане уште помека, а шеќерот ќе го „крене“ солениот вкус, правејќи ја салатата неодолива.