фото: EPA/ERDEM SAHIN

Ништо од трансфер во Црвена звезда, Тадиќ официјално е нов фудбалер на Ал Вахда

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Ал Вахда од Обединетите Арапски Емирати.

Тадиќ со клубот од Абу Даби официјално потпиша договор на една година, со можност за продолжување за уште една година.

Претходно во својата клупска кариера беше дел од Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс и Фенербахче.

За најдобрата српска репрезентација запиша 111 натпревари и постигна 23 гола.

Црвена звезда исто така беше заинтересирана за Тадиќ ова лето, но тој одлучи да ја продолжи кариерата во ОАЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот