
Нина Јанева: Прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ
За време на протестот „Правда за уставобранителите“, кој се одржа во саботата пред Собранието, а со барање за ослободување на осудените за „крвавиот четвтрок“, меѓудругите на сцената настапи и македонската пејачка Нина Јанева, која при изведбата ја згреши македонската химна.
Препорачано
Слично како и пејачката Тамара Тодевска која ја згреши химната пеејќи на прием во Американската амбасада во Скопје по повод 4 Јули, Нина ја испушти втората строфа во која се пее за македонските револуционери: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“
„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, вели Јанева во интервју за „Женски Магазин“ и посочува дека иако во прв момент публиката реагирала бурно и негативно, веднаш штом таа побарала да ја препее химната, станало јасно дека се работи за грешка.
Нина Јанева не си ја знае химната, го испушти Гоце Делчев 🙂 Ќе биде ли линчувана како Тамара? pic.twitter.com/CV5d0QbK3K
— Seir MK (@Seir_mk) May 30, 2021
„Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар.. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите.. Патем прв и последен пат грешам химна во животов, ама емоцијата е посилна од сè. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани…Темата е многу чувствителна, оправдување нема! Човек од месо и крв.“, додава Јанева.
View this post on Instagram
Социјалните мрежи деновиве се преплавени со коментари кои ги споредуваат пропустите на двете пејачки, Нина и Тамара. По грешката, Тамара беше силно критикувана од јавноста. По јавното извинување на својот Фејсбук профил, Тамара Тодевска ја истетовира строфата од химната што ја заборави.
ТАМАРА ГИ ОТКАЖУВА КОНЦЕРТИТЕ: Грешката прерасна во агонија за моето семејство
Тамара си стои на зборот: Го истетовира делот од химната што не го испеа
ФОТО | Игор Џамбазов ja поддржа Тамара на свој начин: Секој со својот грев!