Николовски: Состојбата во прилепската болница е ужасна, иста набавка по три гдини е поскапа за 100 проценти

Би сакал денес да отвораме една серија на прес конференции на коишто ќе обзнанам бројни криминали во болницата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Состојбата во прилепската болница е ужасна, голем број на одделенија не работат, нема соодветни здравствени услуги, дури нема ни основни здравствени услуги за пациентите, обвини денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, потенцирајќи дека таму директорка е Кети Смилевска поставена на таа позиција од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче.

– Би сакал денес да отвораме една серија на прес конференции на коишто ќе обзнанам бројни криминали во болницата. Почнуваме со договорите за одржување на компјутерскиот систем. Се работи за два исти договори, едниот потпишан на 2 декември 2021 година и вториот потпишан на 22 февруари 2024 година со истата фирма Кодекс компјутери. Доколку внимателно се разгледаат овие два договори ќе се види дека за истата работа, а тоа е одржување на постоечкиот информациски систем, со иста спецификација која е препишана и е јајце на јајце буквално помеѓу едниот и другиот тендер, разликата во цена е 60.000 евра. Истата фирма го добива тендерот и во 2021 година и во 2024 година, но во 2024 година за 60.000 евра поскапо- рече Николовски.

Тој појасни дека единечната цена за одржување на компјутерскиот систем во 2021 година била околу 2.500 илјади евра, а веќе во 2024 година е 5.000 евра, или 100 проценти повеќе, па така за 24 месеци се направила разлика од 60.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот