фото: Македонски олимписки комитет

Николов и Начевски ќе го судат дербито во првото коло на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Македонската елитна судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе имаат чест да го делат правдата на еден од дерби-дуелите во групата Б, каде што настапува и Еурофарм Пелистер.

Нашите најдобри арбитри се делегирани на мечот помеѓу унгарскиот гигант ПИК Сегед и полскиот шампион Висла Плоцк, кој ќе се одигра следната недела. Натпреварот е закажан за 11 септември од 18:45 часот во „ПИК Арена“ во Сегед.

За делегат на овој дуел ЕХФ го назначи Словенецот Јанко Пожежник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!