
Николоски: За проектот за автопатот Скопје – Блаце допрва треба да се избере изведувач
Проектот за автопатот Скопје – Блаце е во процес на претквалификација. Допрва треба да има квалификација и да се избере изведувач, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција на која претстави шест нови авио дестинации, министерот рече дека ќе изградат автопат кој има реална цена и е изводлив.
– Разговаравме со Европската банка за обнова и развој и одлучивме на две варијанти. Една да одиме со постојната процедура која е почната и да видиме кои цени ги добиваме, а втората варијанта е да најдеме решение кое ќе е оптимално и ќе значи изграден автопат и пореални цени – рече министерот.
Тој информираше дека затекнале состојба во која има два километри автопат кои што, како што рече „завршуваат во дупка“.
– Во исто време стигнато е писмо кое што вели дека од проценети 170 милиони евра вредноста е качена на 240 милиони евра заради трасата и е возможно со 20 проценти анекс кој што е дозволен согласно нашите закони – да оди на 300 милиони евра, рече тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
47мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5