Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Никола Јокиќ повторно е прв кандидат за МВП титулата во НБА

Трката за МВП наградата во НБА лигата продолжува, српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој настапува за Денвер нагетс повторно е главен кандидат за престижната награда, кој го надмина Шеј Гилџес-Александер во трката за најкорисен играч во лигата по најновиот НБА плеј-оф.

Јокиќ од почетокот на февруари го предводеше Денвер до девет последователни победи.

Јокиќ беше главен фактор за бројните победи на Нагетс, по што најавија офанзива за второто место на Западот, што може да има голема улога во трката за МВП.

Со просечен трипл-дабл Србинот продолжи да ги урива рекордите на Вилт Чембрлен, давајќи уште посилен аргумент за ласкаво признание, а блескавите игри на играчот на Сомбор, овојпат, не останаа незабележани од НБА лигата.

Во продолжение ја комплетната листа на кандидати за МВП за актуелната сезона:

1. Никола Јокиќ
2. Шеј Гилџес-Александер
3. Џејсон Тејтум
4. Јанис Антетокунмпо
5. Леброн Џејмс
6. Ентони Едвардс
7. Донован Мичел
8. Карл-Ентони Таунс
9. Кејд Канингем
10. Џерен Џексон Јуниор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот