Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Никола Јокиќ по трет пат е МВП во НБА лигата

Никола Јокиќ, центарот на актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс, по тре тпат во последните четири сезони стана најкорисен кошаркар (МВП) на лигата.

Тој стана еден од деветте играчи во историјата на оваа игра во САД кои успеале да го освојат МВП трофејот три или повеќе пати и единствениот од овие простори.

Јокиќ доби 926 гласа, односно 79 први места, второто место го зазеде Шеј Гилџес Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а третото место Лука Дончиќ од Далас со 566.

До почетокот на плеј-офот, Јокиќ сезонава бележеше просечни 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции по натпревар со процент на шут од 58,3 од поле и 35,9 отсто за тројки.

Јокиќ ја освои титулата МВП и во 2021 и во 2022 година, додека минатата година, кога Денвер ја освои својата прва шампионска титула, ја загуби трката од центарот на Филаделфија Џоел Ембиид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!