фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Никола Јокиќ избран за најдобар играч во НБА лигата, според ЕСПН

Познатиот американски портал „ЕСПН“ (ESPN) традиционално организираше анкета меѓу своите експерти пред почетокот на новата НБА сезона, во која единственото прашање беше – кој е најдобриот кошаркар на планетата во моментов?

Вкупно 20 експерти можеа да гласаат за најдобрите кошаркари во НБА, а 19 од нив гласаа за српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, играчот на Денвер нагетс.

Единствениот преостанат глас отиде кај репрезентативецот на Словенија и член на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ.

На листата што им беше презентирана на експертите беа вклучени и други имиња како што се Јанис Адетокумбо, потоа Шеј Гилџес Александер, но ниту еден од експертите не одлучи да им ја даде довербата, туку апсолутно сите гласаа за Јокиќ.

Не е ни чудо што Американците одлучија да му дадат толку голема доверба на Јокиќ, бидејќи тој има уште една фантастична сезона зад себе во која забележа просек од 29,6 поени со 12,7 скока и 10,2 асистенции, а беше многу истакнат и на последниот Евробаскет, каде што Србија за жал беше изненадувачки елиминирана од Финска во осминафиналето.

Ова е прв пат некој да биде избран за најдобар три пати во анкетата на ESPN, откако грчкиот репрезентативец Адетокумбо претходно ја доби оваа чест двапати во 2021 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот