Никола Јокиќ донел одлука да игра на Олимписките игри?

Фото: EPA-EFE/JUSTIN EDMONDS SHUTTERSTOCK OUT

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Олимписките игри и за тоа веќе го известил селекторот Пешиќ, објави „Информер“.

Информацијата не е официјално потврдена, меѓутоа „Информер“ тврди дека одлуката на Јокиќ е конечна, а неговото присуство на турнирот во Париз сигурно ќе значи многу за српската репрезентација.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26. Јули до 11. август, а Србија е сместена во групата „Ц“ каде што се уште САД, Јужен Судан и репрезентацијата која ќе дојде преку квалификациите.

Треба да се потсети и дека веќе еднаш во медиумите се појави информација дека Јокиќ одлучил да игра, па таа подоцна беше демантирана од селекторот Пешиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот