Нико Ковач/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Нико Ковач е опција за нов менаџер на Ливерпул

Поранешниот тренер на Баерн и Волфсбург, Нико Ковач е опција за нов менаџер на англискиот фудбалски клуб Ливерпул, тврди „Дејли Мејл“.

„Црвените“ бараат замена за Јирген Клоп кој си заминува на крајот од сезоната. Досега се веруваше дека тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е фаворит, но медиумите во Англија пишуваа дека опција е и Хрватот.

Ковач е слободен агент откако претходно во сезоната доби отказ од Волфсбург.

Изворот пишува дека претставници на тренерот биле во Англија, кои имале средби со неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои и Ливерпул.

Интерес за него има и од екипи од Бундеслигата. Ковач е нешто изненадувачка опција за Ливерпул, бидејќи досега не успеа како тренер и на Баерн и на Волфсбург. Го водеше и Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот