
Невиноста ја изгубил со својата дадилка на 14 години: Легендарниот Клинт Иствуд наполни 90 години!
Легендата на шпагети вестерн филмовите (вестерн филмови на италијански режисери) и американските филмови, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден, но верен на својот цврст маж имиџ, овој актер и режисер не ни помислува на пензионирање.
Препорачано
Мајката на Клинт Иствуд, Маргарет Рут работела во фабрика, но и неговиот татко исто бил работник. Поради неговата работа морале често да се селат низ Западниот брег, а неговите родители се венчале дури кога Клинт бил тинејџер.
„Трајниот“ дом го направиле во Калифорнија, каде славниот актер завршил средно техничко образование. Луѓе години подоцна прераскажувале како актерот секогаш сакал да прави се „на своја рака“.

Тоа докажуваат и неколку детали од неговите тинејџерски години. Признал дека не му било тешко кога ја загубил невиноста на само 14 години и тоа со 5 години постарата сосетка која го чувала како дадилка.
„Добро е што започнав рано, собрав многу повеќе искуство до 20 години“, изјавил во една прилика актерот.

Кога имал 19 години, бил во врска со професорката од неговото средно училиште. Тој ја оставил, а таа не го прифатила тоа лесно и се заканувала со самоубиство. Тој, како и во филмовите, со леден поглед и блага едвај видлива насмевка, лаконски објаснил:
„Може да се каже дека имаше мали недоразбирања околу тоа како ја гледаме сериозноста на таа врска„, признал Клинт.
Ѕвездата која е сопственик на повеќе Оскари и која има снимено 9 филмови во последните 10 години, сака да работи на филмови додека може.
За роденденската прослава на неговиот татко, 34-годишниот син Скот вели „ќе биде во кругот на семејството, многу многу мирно“ и додава „секако дека ќе има торта, но него најверојатно тоа нема да му се допадне“.
Клинт Иствуд е роден во 1930 година и има снимено 50-тина филмови во својата долга кариера која ја започнал со помали улоги во 50-те години.
Во 60-те години тој се прослави со улогата во трилогијата на вестернот кој го режираше Сергио Леоне и така стекна светска слава, иако филмовите биле критикувани поради насилство.
Неколку години подоцна на Иствуд му ја „залепиле“ етикетата на фашист поради улогата на полицаец праведник во филмот „Валканиот Хери“, па потоа за филмот „Американски снајпер“ од 2014 година.
Клинт има освоено златна палма на филмскиот фестивал во Канс за целокупното дело.