Комплет за подготовка на бетел во Бангкок, Тајланд / Фото: Wikimedia commons / Iudexvivorum

Неверојатно! Заб стар 4.000 години ја открива најраната употреба на психоактивни супстанции

Хемиската анализа на античките слоеви на забен плак откриен во гробница во Тајланд покажува дека Југоисточните Азијци џвакале бетел пред 4.000 години, што дава нови сознанија за праисториските ритуали, пишува „Саенс дејли“.

Откриени се невидливи траги од древната употреба на растението, што укажува дека психоактивните ритуали биле дел од секојдневниот живот долго пред пишаните записи.

Мешавината од билки содржи сусптанции кои го зголемуваат вниманието, енергијата, радоста и релаксацијата на корисникот. Иако практиката на џвакање бетел станува сè поретка во модерното време, таа е цврсто вградена во општествените и културните традиции илјадници години. Вообичаената последица се темни, црвеникаво-кафеави, па дури и црни заби. Сепак, забите без дамки не мора да значи дека луѓето не џвакале бетел.

Истражувачите користеле нов метод за испитување на античкиот забен плак од бронзеното време и пронашле докази за џвакање бетел.

„Идентификувавме растителни елементи во забен плак од гробница стара 4.000 години. Тоа е најраниот директен биомолекуларен доказ за џвакање бетел во Југоисточна Азија“, велат научниците од Универзитетот Чианг Маи во Тајланд.

„Докажуваме дека забниот плак може да ги зачува хемиските потписи на употребата на психоактивни растенија илјадници години, дури и кога не постојат конвенционални археолошки докази. Во суштина, развивме нов начин да го направиме невидливото видливо, откривајќи однесувања и практики изгубени 4.000 години“, велат соработниците од Калифорниската академија на науките.

На археолошкото наоѓалиште Нонг Ракават во централен Тајланд, кое датира од бронзеното време, од 2003 година се пронајдени 156 гробишта. За новата студија објавена во „Фронтиерс“, истражувачите зедоа 36 примероци од забен камен од шест лица.

Мали количини на плак беа извлечени и специјално направени соединенија беа користени за откривање на психоактивни сусптанции. Состојките се мелат со човечка плунка за да се репродуцираат автентични услови на џвакање.

Резултатите покажаа дека три од археолошките примероци – сите од катниците на истата индивидуа – содржат траги од ареколин и арекаидин. Овие органски соединенија во бетелот постојат и во кафето, чајот и тутунот и имаат изразени физиолошки ефекти врз луѓето. Наодот сугерира дека бетел се џвакал уште пред 4.000 години во Тајланд.

Присуството на бетелови соединенија во забниот плак укажува на повторена консумација бидејќи овие остатоци се инкорпорираат во минерализираните наслаги на плак со текот на времето преку редовна изложеност.

Затоа, отсуството на промена на бојата на забите е доведено во прашање. Ова може да биде резултат на различен начин на консумација. Исто така, може да се должи на чистење на забите по консумацијата или процеси по смртта кои влијаат на зачувувањето на бојата илјадници години.

Иако траги од џвакање бетел се пронајдени во примероци само од една индивидуа, нема докази дека оваа индивидуа имала посебен третман или висок статус или посебно ритуално значење во споредба со другите гробници.

Од друга страна, присуството на камени топки како погребни предмети може да даде увид во идентитетот или животот на една индивидуа. Студијата на неколку гробници на локацијата Нонг Рачават и други локации таму, со цел да се открие кога и на кого биле обезбедени вакви погребни предмети, би можела да обезбеди вредни докази.

Анализата на забниот плак може да открие однесувања кои не оставаат традиционални археолошки траги, можеби фундаментално менувајќи го нашето разбирање за древните начини на живот и односот меѓу луѓето и растенијата, велат истражувачите. Ова би можело да обезбеди нови сознанија за далечното минато на човечката култура.

Разбирањето на културниот контекст на традиционалната употреба на растенијата претставува поширока тема што сакаме да ја истражиме, заклучуваат научниците. Психоактивните, лековитите и церемонијалните растенија често се занемаруваат како лекови, но тие претставуваат милениуми култура, духовни практики и идентитети на заедницата. Археолошките докази можат да придонесат за современите дебати со почитување на античкото културно наследство зад овие практики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот