Фото: Принтскрин/Јутјуб

Неверојатно: За само седум минути биле продадени над 42.000 билети за Евровизија

За само седум минути, илјадници билети биле продадени за „Изборот за песна на Евровизија“, што ќе се одржи оваа година во швајцарскиот град Базел. Откако вчера во 10 часот започнала продажбата, побарувачката за билети била огромна, објави телевизијата „СРФ“ која дел од тимот на годинешниот музички настан.

До четири билети можеле да купат само оние кои се пријавиле однапред за ова натпреварување. Билети исто така биле продавани и за пробите на изведувачите, па така 42.000 влезници биле продадени во рекордно време.

Бројот на достапни билети сè уште не е одреден. Организаторите велат дека зависи од тоа колку простор ќе биде потребен за звучна и видеоопрема, па така се претпоставува дека ќе бидат пуштени во продажба  меѓу 50.000 и 60.000 билети, кои ќе чинат од 40 до 350 швајцарски франци (од 44 до 385 долари), а најскапи ќе бидат оние за стоење до сцената.

Вкупно девет настапи ќе се одржат во неделата која ќе започне на 12 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во „Сент Јакобсшале“ во Базел.

Подоцна ќе биде поставена и онлајн платформа каде оние кои не можат да присуствуваат на натпреварот ќе можат да ги продаваат своите влезници.

Ќе се организираат и забави за публиката која сака да го следи натпреварот надвор од салата, а еден таков простор е големиот фудбалски стадион веднаш до „Сент Јакобшале“, кој може да прими околу 36.000 гледачи.

Овогодишната Евровизија е организирана во Швајцарија благодарение на поп-уметникот Немо, кој победи на 2024 година на шведскиот натпревар во Малме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот