
Несудената правничка која стана секс симбол на филмското платно – Среќен роденден Моника Белучи!
Преубавата италијанска актерка слави роденден, а фановите дури и денес ги остава без здив со својата убавина. Отсекогаш била претпазлива со естетската хирургија и не ја обожувала воопшто, а студирала право, но никогаш не го завршила факултетот поради успешната кариера.
Препорачано
Моника Белучи денес го слави 56-от роденден. Актерката со безвременска убавина низ текот на годините како воопшто да не се променила. Таа не ја сака естетската хирургија и токму поради тоа ја обожуваат многу луѓе ширум светот.

– Убавината е хендикеп доколку си глупав, но не и ако си интелигентен и знаеш како да ја искористиш. Се чувствувам добро и удобно во своето тело, но не поради тоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе, а нивните животи се ужасни. Тие се многу несигурни во себе. Среќна сум што сум сакана и што имам прекрасно семејство, изјави Моника.

– Не вежбам, не трчам, сакам многу да јадам, едноставно кажано – мрзелива сум! И што е најважно, не бегам од тоа, посочи Белучи.

Италијанската актерка е родена на денешен ден во градчето Чита ди Кастело во провинцијата Умбрија како единица во скромното семејство. Од тие денови се сеќава дека ги гледала филмовите со Софија Лорен и мечтаела дека и таа еден ден ќе биде актерка. Нејзиниот татко изјавил дека таа како дете не била толку убава, ја потстрижувале кратко со цел да има бујна коса. Кога зачекорила во тинејџерските години грдото пајче се претворило во прекрасен лебед.

Во светот на манекенството зачекорила со 13 години, кога го привлекла вниманието на локалниот фотограф кој ја фотографирал. За Моника тоа било само прекрасно искуство, па така таа продолжила да го следи својот сон да стане правничка. По средното училиште таа се запишала на Правниот факултет во Перуџа. Сепак, покрај студирањето Моника одлучила да се занимава и со моделинг за дополнителен џепарлак.

На почеток хоби, но потоа исплатлива работа, па така таа се откажала од студирањето. Во Милано се преселила во 1988 година, склопила договор со модната агенција „Elite“ и снимала за светски познатите брендови како што се „Dolce&Gabbana“ и „Dior“. Две години подоцна се омажила за италијанскиот фотограф Клаудио Карлос Басо, но бракот потрајал само 18 месеци.

По манекенскиот успех Моника запишала и часови по глума со цел да се испроба на големото платно. Првата улога ја добила во култниот филм „Dracula“ во 1992 година, во кој ја глумеше една од трите вампирски сопруги на Дракула. Не долго потоа се заљубила во францускиот колега Винсент Касел, со кој доби и две ќеркички, Дева и Леони. Дева Касел е нејзина вистинска копија. Моника со Винсент се запознала на сетот на филмот „The Apartment” во 1996 година. Нивниот брак траеше 14 години брак, но сепак тие се во добри односи денес.

Италијанскиот филм „Malena“ и ја донесе светската слава и титулата за најсексипилна жена на денешницата, а три години подоцна се појави во филмовите од франшизата „Matrix“.
Со улогата во филмот „The Passion of the Christ“ повторно крена прашина, а за потребите на улогата таа учела древен арамејски јазик. Моника течно говори француски, англиски и шпански јазик.

Во 2015 година со улогата во филмот за Џејмс Бонд во „Spectre“ таа стана најстарата Бонд девојка во историјата на франшизата. Моника лани се прошета на пистата на модната ревија на „ Dolce&Gabbane“, со Изабела Роселини, Ева Херцигова и Хелена Кристенсен.

– Кога наполнив 50 години, не се залажував со размислувањата дека можам и понатаму да имам енергија и елан како една 20-годишна девојка. Никогаш не би се вратила во тие години. Во 40-те бев борец, а сега е време за препородување, изјави Белучи која, како што велат сите во светот, изгледа совршено и на 56 години.
