Возило на брза помош / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Несреќа во РЕК Битола — работник се повредил во рудникот Брод-Гнеотино

Работник од битолското село Кравари се повредил додека работел во рудникот Брод-Гнеотино при РЕК Битола, информира МВР.

Инцидентот бил пријавен вчера околу 12:30 часот, во СВР Битола. Повредениот 48-годишен работник, со иницијали Б.М., веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде што му била укажана лекарска помош и биле констатирани повредите.

„Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот