
Непознати дронови летале над најголемата воена база во Данска
Неидентификувани дронови биле забележани синоќа над најголемата воена база во Данска, Каруп, потврди полицијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Дроновите биле забележани на неколку воени објекти, вклучувајќи ја и воздухопловната база Скридструп и полкот ‘Јутландски драгуни’. Од причини на оперативна безбедност и поради тековната истрага, Командата за одбрана на Данска не сака дополнително да коментира за забележаните дронови“, соопшти армијата на Данска.
Данските вооружени сили може да одлучат да соборат дронови над воени објекти, земајќи ја предвид конкретната закана и проценката на ризик.
Командата за одбрана на Данска нема дополнителни коментари.
Леталата не биле соборени, а инцидентот, којшто траел неколку часа, доаѓа по серија случаи во последните денови кога дронови летаа над цивилни и воени објекти, поради што беше затворен воздушниот простор на земјата.
Премиерката Мете Фредериксен ги поврза нарушувањата со можни руски активности, иако не понуди докази, додека, пак, Москва ги демантираше обвинувањата.
Руски воен брод се криел во близина на Данска за време на инцидентите со дронови над аеродромите
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
46мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5