Необразовани се дури 60 отсто од тие што бараат работа?!

Агенција за вработување/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

И покрај постојаните поплаки на работодавачите дека нема работници од различни профили, статистиката на Агенцијата за вработувања покажува дека наспроти овие 105.948 активни баратели на работа, стои секојдневна понуда од само 8.000 до 10.000 слободни работни места.

Но, образовната структура на невработените станува сè полоша. Подолго време, половина од оние што активно бараат работа, што значи дека секој месец се пријавуваат во Агенцијата за вработување, се без образование, или со основно образование, но последните податоци покажуваат дека нивното учество достигнало речиси 60 отсто. Имено, од 105.948 невработени што се изјасниле дека активно бараат работа, дури 62.809 се без образование и со основно образование. Состојбата е уште полоша ако се додадат и оние со непотполно средно училиште, а кои ги има 9.242. Но, проблем според работодавачите има и со стручноста на „среднистите“ и со вештините на факултетстки образованите кадри. На пазарот на труд постојат 6.839 активни баратели на работа што се со факултетско образование, 596 магистри на наука и 18 доктори на науки.

Што се однесува, пак, до потребите од работна сила најмногу потреба има во трговијата, таму има 1.477 слободни работни места, или 17,7 проценти од огласените 8.345 слободни работни места во петокот. На второто место е преработувачката индустрија со 1.332 слободни работни места, а на трето место се „административни и услужни дејности“ каде што се бараат 1.287 работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот