фото: Olimpia Milano

Ненад Димитријевиќ во новата сезона ќе игра за рускиот Зенит

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе ја напушти Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, известуваат италијанските „инсајдери“.

Според Андреа Калцони нашиот плејмејкер ќе потпише двегодишен договор вреден три милиони евра со Зенит.

Пред да пристигне во Италија, Димитријевиќ играше за Уникс, со кој ја освои ВТБ лигата во 2023 година.

Олимпија Милано ќе му плати на Димитријевиќ 500.000 евра, што треба да претставува разлика во договорот и така да стане слободен играч.

Тој беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на италијанскиот Суперкуп што Армани го освои во 2024 година, а во последната сезона во Евролигата забележа 7,6 поени, 1,6 скок и 2,9 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот